Телефон со Android: Повици и приватност

Како да го контролирате вашиот телефонски број и кој може да ве повикува.

Научете како да контролирате кој ве повикува, кога луѓето можат да ве повикуваат, како да блокирате повикувачи и како да ја заштитите вашата приватност криејќи го вашиот број од луѓето кои ги повикувате.

Пред да почнете

Паметниот телефон со Android што се употребува во презентациите во овој курс можеби не е ист со вашиот, но менијата и чекорите би требало да бидат слични.

Пред да почнете, проверете дека:

  • вашиот телефон со Android е целосно полн
  • оперативниот софтвер (operating software) е ажуриран
  • во вашиот телефон има SIM-картичка (SIM card) и имате пакет од давател на мобилни услуги.
Повикување на телефон со Android

Како да управувате со вашето ИД на повикувач

Стандардно, кога повикувате некого, вашиот број се појавува на екранот на мобилниот телефон на лицето кое го повикувате. За да ја исклучите оваа поставка:

  • најдете ги поставките на ИД на повикувач (Caller ID) во апликацијата Телефон (Phone app)
  • отворете го менито Поставки (Settings) со допирање на трите точки (three dots) во горниот десен агол
  • ако не ги гледате трите точки, проверете дали Тастатурата (Keypad) е селектирана во долниот лев дел на екранот
  • од менито изберете Поставки / Поставки на повик / Дополнителни услуги (Settings / Call settings / Supplementary services)
  • изберете ја опцијата Да се покажува твоето ИД на повикувач (Show your caller I)D и изберете Никогаш (Never) за да го блокирате вашето ИД на повикувач
  • изберете Стандардни вредности на мрежата (Network default) за да го вклучите повторно вашето ИД на повикувач (Caller ID).
Вклучувањето на вашето ИД на повикувач функционира само за повици преку мобилен телефон (mobile phone calls). Ако пратите СМС (SMS), вашиот број ќе се појави во апликацијата за пораки (messaging app) на тоа лице. Никогаш не праќајте текстуална СМС порака кај лице кое не сакате да го има вашиот број.

Како да блокирате повикувач

Можете да чувате список со броеви што вашиот телефон ќе ги блокира. Кога овие броеви ќе се обидат да ве повикаат, телефонот нема да ѕвони или да покажува пропуштен повик. Ова исто така ги блокира текстуалните пораки од тој број.

Од менито Поставки на повик (Call settings) во Поставки на телефон (Phone settings):

  • најдете ја опцијата Блокирани броеви (Blocked numbers)
  • копчето Блокирај непознати / приватни броеви (Block unknown / private numbers) автоматски ќе ги блокира сите повици што немаат ИД на повикувач.

Други начини да блокирате некој број:

  • Додај телефонски број (Add phone number) ви овозможува да внесете број што веќе го знаете
  • Неодамнешни (Recents) ви овозможува да изберете број од списокот со неодамнешни повици
  • ако вашиот телефон тука нема опција Неодамнешни (Recents), можете да блокирате неодамнешен повик од главниот екран на апликацијата Телефон (Phone app), така што ќе допрете на Неодамнешни (Recent), а потоа на еден повик од списокот за да ја видите опцијата за негово Блокирање (Block)
  • Отворете го контактот (Open a Contact) во апликацијата Контакти (Contacts app) за да ја видите опцијата Блокирај (Block) повици од него.

За да одблокирате (unblock) некој број, најдете го бројот во списокот со Блокирани броеви (Blocked numbers) и допрете го црвениот знак за минус (red minus sign) за да го отстраните од списокот. Овој број сега повторно може да ве повикува и да ви праќа текстуални пораки.

ИД на повикувач и заштита од спам-пораки (Caller ID and spam protection) означува повици што се познати дека се од измамници и телефонски продавачи. Екранот на телефон покажува едно предупредување и можете да го одбиете или едноставно да го игнорирате повикот. Можете да го исклучите ова во Поставки на повик (Call settings), но најдобро е да го оставите вклучено.

Како да ги користите одликите Тивок режим и Не вознемирувај

Тивок режим (Silent Mode): Повиците и текстовите ќе се прикажуваат на екранот, но телефонот нема да емитува мелодии на ѕвонење, предупредувања или вибрации. Овој режим е најдобар кога сепак сакате да можете да контактирате.

Не вознемирувај (Do Not Disturb): Сите повици, пораки и многу други известувања се блокираат. Кога овој режим е вклучен, никој нема да може да контактира со вас. Повикувачите се префрлаат на говорна пошта и сите текстуални пораки ќе се појават штом ја исклучите повторно одликата Не вознемирувај. За да го вклучите Тивкиот режим (Silent Mode) или Не вознемирувај (Do Not Disturb):

  • поминете го прстот нагоре (Swipe up) за да ги видите сите Апликации (Apps)
  • отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) и изберете Известувања (Notifications)
  • најдете го режимот Не вознемирувај (Do Not Disturb) и допрете го за да ги видите опциите
  • вклучете го или исклучете го режимот Не вознемирувај (Do Not Disturb) што се наоѓа во горниот дел на овој екран
  • Додај распоред (Add Schedule) ви овозможува избирате кога да се вклучува или исклучува режимот Не вознемирувај (Do Not Disturb)
  • додадете пријатели или семејство во исклучоци (exceptions), за да можат да контактираат со вас дури и кога режимот Не вознемирувај (Do Not Disturb) е активен.

Како да додадете информации за контакт на Екранот за заклучување

Понекогаш мобилните телефони може да се загубат. Можете да поставите порака на вашиот Екран за заклучување (Lock screen) за да му овозможите на некого да стапи во контакт со вас ако го најде вашиот телефон. За да ја поставите оваа порака:

  • отворете ја апликацијата Поставки (Settings app) и во менито допрете на Екран за заклучување (Lock screen)
  • прелистајте за да најдете Информации за контакт (Contact information) и допрете
  • напишете ја вашата порака, на пример: „Ако го најдовте, контактирајте со Џули на 0123 456 788“. Бидете сигурни дека ја користите вашата фиксна линија или бројот на некој пријател, но не бројот на мобилниот телефон што го загубивте.
  • оваа порака ќе се прикажува на Екранот за заклучување на вашиот телефон штом екранот се вклучи.